1 Коринтјаните 3:19-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

19. Зашто мудроста на овој свет е рамна на лудост пред Бог! Во Светото Писмо пишува: „Бог ги лови самоуверените мудреци во стапицата на нивното сопствено лукавство!“

20. И на друго место: „Господ им ги знае плановите на мудрите, знае дека во нив нема вредност!“

21. Затоа, никој да не се фали со човек! Вам ви припаѓа се:

22. и Павле, и Аполос и Петар, и целиот свет; и животот и смртта, и сегашноста и иднината - се ви припаѓа вам,

23. а вие Му припаѓате на Христос, а Христос Му припаѓа на Бог. Одговорната задача на апостолите

1 Коринтјаните 3