1 Коринтјаните 3:14-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

14. Ако делото издржи, градителот ќе добие награда;

15. ако, пак, делото изгори, градителот ќе се соочи со голема загуба. Ќе се спаси, но како некој што поминал преку оган!

16. Зар не сфаќате дека вие сте Божјиот храм и дека Божјиот Дух живее во вас?

17. Ако некој го урива Божјиот храм, Бог него ќе го разурне, бидејќи Божјиот храм е свет. Тој храм сте вие, христијаните.

1 Коринтјаните 3