1. Драги мои, додека бев кај вас, јас не можев да ви зборувам како на духовно зрели христијани. Ви зборував како на телесни луѓе, како на луѓе што во Христовата вера се новороденчиња.
2. Ве хранев со млеко, а не со тврда храна, бидејќи се уште не бевте способни да ја примате. За жал, ни сега не сте способни.
3. Се уште сте телесни, како луѓето од овој свет, штом си завидувате и се карате. Зар со тоа не докажувате дека сте исти како луѓето што не се христијани?