1 Коринтјаните 2:2-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

2. Сметав дека меѓу вас не треба да ги истакнувам моите сестрани познавања, туку да ви проповедам само за Исус Христос и за Неговото распнување на крстот.

3. Веројатно ви изгледав слаб, исплашен и растреперен.

4. Она што ви го зборував и проповедав не се состоеше од мудро составени говори за да ве убедам, туку Светиот Дух ја покажа Својата сила меѓу вас.

5. Постапив така за да се здобиете со вера втемелена на Божјата сила, а не на човечка мудрост.

6. Се разбира, кога сме меѓу зрели христијани, знаеме да одржуваме и мудри говори. Но тоа не е мудрост што произлегува од овој свет или мудрост што ги привлекува владетелите на овој свет, кои кратко траат.

1 Коринтјаните 2