1. Драги пријатели, кога дојдов кај вас да ви ја проповедам Божјата порака, јас не се служев со висок стил на зборување или со мудрување.
2. Сметав дека меѓу вас не треба да ги истакнувам моите сестрани познавања, туку да ви проповедам само за Исус Христос и за Неговото распнување на крстот.
3. Веројатно ви изгледав слаб, исплашен и растреперен.
4. Она што ви го зборував и проповедав не се состоеше од мудро составени говори за да ве убедам, туку Светиот Дух ја покажа Својата сила меѓу вас.
5. Постапив така за да се здобиете со вера втемелена на Божјата сила, а не на човечка мудрост.