16. Слушајте ги таквите водачи како него и оние што работат и се трудат со него.
17. Многу се радувам што Стефан, Фортунат и Ахаик дојдоа кај мене, зашто така ми се пополни празнината што ја чувствувам за вас.
18. Тие ни донесоа утеха и поттик и мене и вам. Таквите луѓе заслужуваат посебно признание.
19. Ве поздравуваат црквите од покраината Азија. Акила и Приска, заедно со оние што се собираат во нивниот дом, од се срце ве поздравуваат.
20. Ве поздравуваат сите христијани. Поздравете се најсрдечно еден со друг.