1 Коринтјаните 15:46-49 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

46. Но прво доаѓа материјалното тело, а потоа духовното.

47. Првиот човек, Адам, беше создаден од земја, направен од земен прав. Вториот човек, Христос, потекнува од небото.

48. Какво што беше телото на Адам, такво е и телото на секој човек сега: тоа е тело создадено од земја. Но на небото ќе имаме тела како Христовото тело, бидејќи Христос потекнува од небото.

49. Како што сега личиме на Адам, на човекот направен од земен прав, така тогаш ќе личиме на Христос, на Човекот што потекнува од небото.

1 Коринтјаните 15