1 Коринтјаните 15:37-39 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

37. Она што го сеете е голо зрно пченица или нешто друго. Семето изгледа сосема различно од растението што подоцна ќе изникне.

38. На секое посејано семе Бог му дава тело какво што Тој сака. Секое си има свое сопствено тело.

39. А знаеме дека има разлики меѓу телата на луѓето, животните, птиците и рибите.

1 Коринтјаните 15