12. Ако е јасно посведочено дека Христос воскресна од мртвите, како тоа некои од вас велат дека мртвите нема да воскреснат?
13. Ако е невозможно мртвите да воскреснуваат, тогаш ни Христос не воскреснал!
14. А ако Христос не воскреснал, тогаш се без основа и нашето проповедање и вашата вера!
15. Зашто, би испаднало дека тоа што ние го кажуваме за Бог е лага, бидејќи ние сме сведоци дека Бог Го воскресна Христос; а ако е невозможно мртвите да воскреснуваат, тогаш значи Бог не Го воскреснал Христос!
16. Ако е невозможно мртвите да бидат воскреснати, произлегува дека ни Христос не бил воскреснат.
17. Ако Христос не бил воскреснат, тогаш вашата вера е безвредна - вие сте и понатаму под осуда на вашите гревови!
18. Тоа би значело дека и луѓето што починаа со вера во Христос се неповратно загинати!
19. Ако ние се надеваме на Христос само за овој живот, тогаш ние сме најмизерни од сите луѓе на светот!