1 Коринтјаните 14:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Љубовта нека ви биде највозвишената цел! Бидете желни и за духовни дарби, а посебно за дарба да пророкувате.

2. Зашто, кога некој зборува на непознати јазици, Бог ќе го разбере, но не и луѓето. Тоа што го зборува воден од Светиот Дух, ќе остане тајна за луѓето.

3. А оној што пророкува, им зборува на луѓето за да ги поучи, да ги опомене и да ги утеши.

4. Оној што зборува на непознати јазици, самиот себе се надградува, а оној што пророкува ги надградува сите што се во црквата.

1 Коринтјаните 14