8. Љубовта е вечна, а пророкувањата ќе престанат, зборувањето на непознати јазици ќе молкне, сегашното знаење ќе се надмине.
9. Зашто, нашето знаење е нецелосно, па и пророштвата само малку ни откриваат;
10. а кога ќе дојде времето на совршенството, се што е нецелосно ќе исчезне.
11. Кога бев дете, зборував како дете, размислував како дете и расудував како дете. Кога станав зрел човек, престанав да се однесувам како дете.
12. Ние сега гледаме нејасно, како во замаглено огледало, а тогаш ќе бидеме лице в лице со Бог, и се ќе ни стане јасно. Се што знам сега е нецелосно, а тогаш се ќе знам совршено, како што мене Бог совршено ме познава.
13. Има три работи што ќе опстојат: верата, надежта и љубовта; а од сите нив, најголема е љубовта.