1 Коринтјаните 12:7-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. Преку секој од нас, Светиот Дух дејствува за општа полза на сите.

8. На некои луѓе Светиот Дух им дал дарба мудро да зборуваат, на други им дал особено знаење.

9. Истиот Дух на едни луѓе им дава посебна вера, а на други - дарба да исцелуваат.

10. На некои луѓе им дава моќ да прават чуда, на други да пророкуваат; на некои луѓе им дава способност да распознаваат дали духот што зборува навистина е од Бог или не, на други да зборуваат на различни јазици, а на трети, пак, да преведуваат од различни јазици.

11. Сите овие нешта ги прави единствениот и истиот Свет Дух, Кој ги распоредува даровите онака како што лично Тој ќе реши. Споредба со органите во телото

12. Како што едно живо тело е составено од многу органи и сите тие многубројни органи сочинуваат едно исто тело, така е и со Црквата, која е Христово тело.

1 Коринтјаните 12