1 Коринтјаните 12:23-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

23. а на оние што ги сметаме за понеугледни им посветуваме поголемо внимание! Значи, поголемо внимание им посветуваме на нашите понеугледни органи,

24. зашто угледните органи немаат потреба од тоа. Бог така го составил телото, што им дал поголема чест на органите кои ние не ги истакнуваме.

25. Така во самото тело нема неединство, туку органите еднакво се грижат еден за друг.

26. Кога еден орган страда, со него страдаат сите органи. Кога на еден орган му се оддаде признание, со него се радуваат сите органи.

1 Коринтјаните 12