1 Коринтјаните 12:12-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

12. Како што едно живо тело е составено од многу органи и сите тие многубројни органи сочинуваат едно исто тело, така е и со Црквата, која е Христово тело.

13. Нас не има Евреи и припадници на други народи, некои од нас се робови, а некои слободни. Сепак Божјиот Дух сите нас не крсти и од нас направи едно тело. Секој од нас го прими истиот Дух.

14. Телото не е составено само од еден орган, туку од повеќе органи.

15. Ако ногата рече: „Јас не сум дел од телото, бидејќи не сум рака!“ Дали тоа што е нога, а не рака, е причина да не се смета за дел од телото?

16. Или ако увото рече: „Јас не сум дел од телото, бидејќи не сум око!“ Дали тоа што е уво, а не око, е причина да не се смета за дел од телото?

17. Ако целото тело беше само око, како ќе слушавме? Ако целото тело беше само уво, како ќе чувствувавме мириси?

18. Но Бог го создаде нашето тело со многу органи и ги постави онаму каде што сметал дека им е местото.

1 Коринтјаните 12