1 Коринтјаните 11:8-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

8. Зашто првиот човек не беше создаден од жена, туку жената беше создадена од маж.

9. Не беше мажот создаден заради жената, туку жената заради мажот.

10. Затоа жените треба да носат покривала на главата како знак на потчинетост, бидејќи ангелите гледаат.

11. Но според Господ, ниту мажот е независен од жената, ниту жената е независна од мажот.

12. Како што жената потекнува од мажот, така и мажот дошол на свет преку жена, а Создател на се што суштествува е Бог.

13. Кажете сами, дали прилега жена да Му се моли на Бог без покривало на главата?

14. Зар самата природа не ве учи дека на мажот не му прилега да носи долга коса?

1 Коринтјаните 11