1 Коринтјаните 11:26-31 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

26. Секојпат кога за оваа цел јадете од лебот и пиете од чашата, ја прикажувате смртта на Господ, се додека Тој повторно не дојде.

27. Секој што недостојно јаде од лебот или пие од чашата Господова, виновен е за непочитување на телото и крвта на Господ.

28. Секој прво нека се преиспита, а потоа нека јаде од лебот и нека пие од чашата принесена како Господова спомен-вечера.

29. Зашто, оној што зема учество во спомен-вечерата Господова, а нема правилна вера, разбирање и почит спрема телото на Господ, си навлекува осуда врз себе!

30. Затоа меѓу вас има многу слаби и болни, а некои дури и починаа.

31. Кога самите себеси би се преиспитувале, не би биле казнувани.

1 Коринтјаните 11