1 Коринтјаните 11:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Следете го мојот пример, како што јас го следам примерот на Христос.

2. Мило ми е, драги пријатели, дека постојано сум ви во мислите и ве пофалувам дека точно го следите христијанското учење, онака како што ви го пренесов.

3. Но има нешто што сакам да го знаете: Секој маж има свој поглавар, а тоа е Христос, и секоја жена има свој поглавар, а тоа е нејзиниот маж. И Христос има свој поглавар, а тоа е Бог.

1 Коринтјаните 11