1 Коринтјаните 10:27-30 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

27. Ако некој што не е христијанин ве покани на вечера и вие сакате да одите, одете слободно. Јадете од се што ќе ви биде принесено, без да се распрашувате дали таа храна била наменета како принос за идоли; така нема да ве гризе совеста.

28. Но ако некој ве предупреди и ви рече: „Таа храна е од приноси на идоли“, тогаш немојте да јадете, заради совеста на тој што ви го рекол тоа.

29. Значи, не заради вашата совест, туку заради совеста на тој што ве предупредил. Можеби некој ќе рече: „Зошто мојата слобода да биде ограничена од тоа што им ја обременува совеста на други луѓе!?

30. Ако јас Му се заблагодарувам на Бог за она што го јадам, зошто некој да ме напаѓа поради тоа што го јадам!?“

1 Коринтјаните 10