8. Духот, водата и крвта, и сведоштвата на сите тројца сведоци се совпаѓаат.
9. Ако прифаќаме сведочење од човек, Божјото сведоштво е уште посилно. Затоа ние го прифаќаме она што Бог ни го сведочи за Својот Син.
10. Секој што верува во Божјиот Син, го има ова сведоштво во своето срце. Оние што не Му веруваат на Бог, Го прогласуваат Бога за лажливец, бидејќи не Му веруваат на сведоштвото што го даде Тој за Својот Син.
11. Сведоштвото кажува дека Бог ни даде вечен живот и тој живот доаѓа од Неговиот Син.
12. Кој го има Божјиот Син, има вечен живот. Кој го нема Божјиот Син, нема вечен живот.
13. Ова ви го напишав за да знаете дека вие што верувате во името на Божјиот Син имате вечен живот.