1 Јован 4:9-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

9. Бог ја докажа Својата голема љубов спрема нас, испраќајки Го на овој свет Својот единствен Син, за ние да добиеме вечен живот преку Него.

10. Тоа е вистинска љубов. Не дека ние го сакавме Бога, туку Бог нас не сакаше и Го даде Својот Син како помирителна жртва за нашите гревови.

11. Драги мои, штом Бог покажа толкава љубов спрема нас, и ние треба да се сакаме еден со друг.

12. Никој никогаш не Го видел Бога, но ако еден со друг се сакаме, покажуваме дека Бог живее во нас и Неговата љубов целосно ќе се искаже преку нас.

13. Бог ни го даде Својот Дух како доказ дека сме во Него, а Тој во нас.

1 Јован 4