1 Јован 4:6-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

6. Ние, пак, Му припаѓаме на Бог. Тие што Го знаат Бога, не слушаат, а тие што не се на Божја страна, не не слушаат. Така распознаваме дали некој е со Духот на вистината или со духот на заблудата.

7. Драги мои, треба да се сакаме еден со друг, бидејќи љубовта доаѓа од Бог. Секој што ги сака луѓето докажува дека е Божјо чедо и дека Го познава Бога.

8. Оној што не ги сака луѓето докажува дека не Го познава Бога, бидејќи Бог е љубов.

9. Бог ја докажа Својата голема љубов спрема нас, испраќајки Го на овој свет Својот единствен Син, за ние да добиеме вечен живот преку Него.

1 Јован 4