1 Јован 3:8-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

8. А оној што продолжува да греши е на страната на Ѓаволот, зашто Ѓаволот греши уште од самиот почеток. Токму затоа и дојде Божјиот Син: да го уништи она што го прави Ѓаволот.

9. Тој што е препородено Божјо чедо нема да продолжи да греши, бидејќи Божјото семе е во него. Тој е препородено Божјо чедо и не може да продолжи да греши.

10. Постои јасна разлика меѓу Божјите чеда и децата на Ѓаволот: секој што не постапува праведно, и што не ги сака другите христијани, не е Божјо чедо.

11. Пораката што ја чувме од почетокот гласи: да се сакаме еден со друг.

12. Да не бидеме како Каин, кој застана на страната на Злиот и го уби сопствениот брат. Зошто го уби? Бидејќи она што го правеше Каин беше погрешно, а она што го правеше неговиот брат беше правилно.

13. Според тоа, не чудете се, драги христијани, ако луѓето од овој свет ве мразат!

1 Јован 3