4. Секој што прави грев, го прекршува Божјиот Закон, зашто гревот е токму тоа: прекршување на Законот.
5. Како што знаете, Христос токму заради тоа и дојде: да ги отстрани нашите гревови. Во Него грев нема,
6. па затоа секој што е на Негова страна нема да продолжи да греши. Ако човек продолжи да греши, тој ниту Го познава Христос, ниту пак сфаќа Кој е Тој!
7. Чеда Божји, не допуштајте некој да ве заведе! Праведен е оној што постапува праведно, онака како што постапуваше Исус.
8. А оној што продолжува да греши е на страната на Ѓаволот, зашто Ѓаволот греши уште од самиот почеток. Токму затоа и дојде Божјиот Син: да го уништи она што го прави Ѓаволот.