Захарија 8:2-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. „Господ над Воинствата зборува вака: ‘Изгорувам со ревносна љубов за Сион и со голем гнев пламнувам за него! Се враќам во Сион, сакам да живеам сред Ерусалим.’

3. Господ над Војските зборува вака: ‘Ерусалим ќе се вика Град на вистина и Гората на Господа над Војските, Гора на светост.’

4. Господ над Војските зборува вака: ‘Старците и старичките пак ќе седнат по ерусалимските раскрсници, секој со стап во раката заради преголемата старост.

5. А градските улици ќе се исполнат со момчиња и девојчиња, кои ќе играат по неговите улици.’

Захарија 8