Захарија 7:7-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Не се ли тие прописите што Господ ги објави преку некогашните пророци кога Ерусалим беше населен и мирен како и градовите околу него, и кога беа населени Негев и Шефел?’”

8. Господовото слово му дојде на Захарија:

9. „Господ над Војските зборува вака: ‘Судете справедливо и бидете милостиви и сострадателни едни кон други.

10. Не угнетувајте ги вдовицата ни сиракот, ни придојденикот ни бедниот, и не смислувајте зло во срцето еден против другиот.’

Захарија 7