Захарија 7:12-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. окоравеа со срцето како камен, за да не ги чујат Законот и зборовите кои им ги праќаше Господ над Воинствата, со Својот Дух, преку древните пророци, и Господ над Војските тогаш се разгневи силно.

13. И затоа, како што Тој ги викаше а тие не Го слушаа, така сега тие викаат а Јас не ги слушам - говори Господ над Војските.

14. И ги распрснав меѓу сите народи кои не ги познаваа, а земјата зад нив беше запустена, та никој не поминуваше низ неа ниту се враќаа. Така земјата на благосостојба ја претворија во пустина!”

Захарија 7