Захарија 7:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во четвртата година на царот Дариј, во четвртиот ден на деветиот месец, Хаслев, му дојде Господовото слово на Захарија.

2. Имено Ветил ги испрати Сар-Асар и Реге-Мелех со нивните луѓе да го молат Господовото лице

3. и да ги прашаат свештениците во Домот на Господа над Воинствата и пророците: „Дали да плачам во петтиот месец и да постам како што правев веќе толку години?”

4. Тогаш ми дојде Господовото слово: „Речи им на сиот народ во земјата и на свештениците:

5. ‘Кога постите и тажите во петтиот и во седмиот месец веќе седумдесет години, зар Мене Ми постите?

Захарија 7