1. И ги подигнав очите и видов: ете, четири бојни коли излегуваат меѓу две гори; а горите беа од бронза.
2. Во првата кола беа костенливи коњи; во втората кола црни коњи;
3. во третата кола бели коњи, а во четвртата кола лисести коњи.
4. Му се обратив на ангелот кој зборуваше со мене и го прашав: „Што е тоа господару?”
5. Ангелот ми одговори вака: „Тие тргнуваат кон четирите страни на небото откако стоеја пред Господарот на целата земја.
6. Костенливите коњи тргнуваат во Источната Земја; црните во Северната Земја; белите во Западната Земја, а шароликите во Јужната Земја.”
7. Тие чекорат цврсто, нестрпливи за да ја обиколат земјата! И тие тргнаа да ја обиколуваат земјата.
8. Тој ме повика и ми рече: „Гледај, оние што тргнаа во Северната Земја ќе го смират мојот дух во Северната Земја.”