Захарија 6:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И ги подигнав очите и видов: ете, четири бојни коли излегуваат меѓу две гори; а горите беа од бронза.

2. Во првата кола беа костенливи коњи; во втората кола црни коњи;

3. во третата кола бели коњи, а во четвртата кола лисести коњи.

4. Му се обратив на ангелот кој зборуваше со мене и го прашав: „Што е тоа господару?”

5. Ангелот ми одговори вака: „Тие тргнуваат кон четирите страни на небото откако стоеја пред Господарот на целата земја.

Захарија 6