Захарија 5:3-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Тогаш тој ми рече: „Тоа е проклетството што ќе ја зафати целата земја; отсега секој што краде ќе биде истеран според него оттука; и секој кој се колне лажно ќе биде истеран оттука според него.

4. „Јас ќе го изведам - говори Господ над Војските - за да влезе во куќата на крадецот и во куќата на оној што се колне лажно во Моето име, та да престојува во неговата куќа и да ја уништи заедно со нејзините дрва и камења.”

5. Ангелот кој зборуваше со мене излезе и ми рече: „Подигни ги очите и погледај што се појавува тоа?”

6. Јас го прашав: „Што е тоа?” Тој рече: „Тоа што се појавува е ефа,” и продолжи: „Тоа е општата расипаност на земјата.”

7. И ете, се крена оловен поклопец и една жена седи сред ефата.

8. Тој рече: „Тоа е злото.” И ја турна во ефата и и фрли оловен поклопец врз отворот.

Захарија 5