Захарија 4:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ангелот, кој зборуваше со мене, се врати тогаш и ме разбуди како човек кој се буди од сон.

2. „Што гледаш?” праша. Јас одговорив: „Еве, гледам светилник, сиот од злато со чаша за масло врз него; и на светилникот се седум светилки, со седум чашки за седумте светилки што се на него.

3. Две маслинови стебла се покрај него, едното оддесно, другото одлево.”

Захарија 4