Захарија 3:8-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. И така, послушај Исусе, велесвештенику, ти и твоите другари кои се околу тебе, зашто вие сте луѓе познати! Еве, Јас ќе го доведам подникот, Мојот Слуга, и ќе ја отстранам нечесноста на оваа земја во еден ден.

9. Зашто еве го каменот што го ставам пред Исуса; на тој камен се седум очи, и врз него ќе врежам натпис - слово е на Господа над Војските.

10. Во оној ден - слово е на Господа над Војските - ќе се повикувате еден друг под лозата и под смоквата.”

Захарија 3