Захарија 2:7-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Еј, Сиону, кој живееш кај вавилонската ќерка, спаси се!”

8. Вака зборува Господ над Воинствата чија Слава ме испрати кај народите кои ве ограбија: „Кој ве допира, Ми ја допира зеницата на окото.

9. Ете, ја подигам раката против нив за да им бидат плен на своите робови. Така ќе знаете дека ме испрати Господ над Војските!

10. „Воскликнувај и радувај се, Сионска Ќерко, зашто еве, доаѓам да престојувам сред тебе.

11. Господ зборува. Во оној ден многу народи ќе се прилепат кон Господа, и ќе бидат Мој народ, а Јас ќе престојувам сред тебе. Така ќе знаеш дека Господ над Воинствата ме испрати кај тебе.

12. И Јудеја ќе биде Господово наследство, Негов дел во Светата Земја, и Тој пак ќе го избере Ерусалим.

13. Да молкнат сите луѓе, пред Господа, зашто, еве, Тој станува од Своето Свето живеалиште.”

Захарија 2