Захарија 2:4-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. и му рече: „Трчи, речи му на оној млад човек вака: ‘Ерусалим ќе биде како отворен град заради мноштвото луѓе и добиток кои ќе бидат во него.

5. А Јас - говори Господ - ќе му бидам огнен ѕид наоколу и негова Слава сред него.’”

6. „Еј! Еј! Бегајте од Северната Земја - говори Господ - зашто во сите четири небесни ветра ве распрснав - говори Господ!

7. Еј, Сиону, кој живееш кај вавилонската ќерка, спаси се!”

8. Вака зборува Господ над Воинствата чија Слава ме испрати кај народите кои ве ограбија: „Кој ве допира, Ми ја допира зеницата на окото.

Захарија 2