Втзакон. (5 Moj.) 9:11-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Кога поминаа четириесет денови и четириесет ноќи, Господ ми даде две камени плочи - плочи на Заветот.

12. И Господ ми рече: ‘Стани! Слези итно оттука, зашто се расипа твојот народ, кого го изведе од Египет. Брзо слегоа од патот што им го означив: веќе си направија леан лик.’

13. Уште Господ ми рече: ‘Го набљудував тој народ. Навистина тоа е коравовратен народ!

14. Остави ме да ги уништам и да го избришам нивното име под небесата, а од тебе да направам народ и посилен и поброен отколку што е овој!’

Втзакон. (5 Moj.) 9