Втзакон. (5 Moj.) 8:18-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Спомни си за Господа, својот Бог! Па Тој ти даде сила да го спечалиш богатството, за да го исполни така - како денес - Својот Завет, за кој им се заколна на твоите татковци.

19. Ако Го заборавиш Господа, својот Бог, и тргнеш по други богови, па им искажуваш почитување, им се поклонуваш ним, ви се колнам денес дека сосем ќе бидете истребени;

20. како народите кои Господ ќе ги погуби пред вас, така ќе ве снема и вас, зашто не го послушавте гласот на Господа, својот Бог.”

Втзакон. (5 Moj.) 8