Втзакон. (5 Moj.) 6:15-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Зашто Господ, твојот Бог, што стои во твојата средина, е ревнив Бог; гневот на Господа, на твојот Бог, би пламнал против тебе и би те истребил од земјата.

16. Не искушувајте Го Господа, својот Бог, како што Го искушавте кај Маса.

17. Вршете ги точно заповедите на Господа, на својот Бог, Неговите упатства и Неговите закони, кои ги издаде.

18. Врши што е право и добро во очите на Господа, за да ти биде добро и за да влезеш во Добра Земја, за која Господ им се заколна на твоите татковци

Втзакон. (5 Moj.) 6