Втзакон. (5 Moj.) 5:28-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. Господ ги чу вашите зборови кога ми зборувавте, па ми рече: ‘Ги чув зборовите што тој народ ти ги кажа тебе. Добро е сè што рекоа.

29. Само, кога нивните срца би биле такви секогаш да се бојат од Мене и да ги пазат сите Мои заповеди, за да бидат така постојано среќни, тие и нивното потомство!

30. Ајде, кажи им: „Вратете се во своите шатори!”

31. А ти остани тука кај Мене; ќе ти ги кажам сите заповеди, закони и уредби на кои ќе ги поучиш и кои тие ќе ги вршат во земјата што им ја давам во сопственост.’

32. И така, внимавајте, како што Господ, вашиот Бог, ви заповеда! Не свртувајте ни десно ни лево.

Втзакон. (5 Moj.) 5