Втзакон. (5 Moj.) 4:41-45 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

41. Тогаш Мојсеј избра три града преку Јордан, на источната страна,

42. каде ќе може да се засолне убиец, кој убил неволно свој ближен, а да немаше порано омраза кон него: за да може, бегајќи во некој од овие градови, да го спаси својот живот.

43. Тоа се: Восор во пустината, на високорамнината, за Рувимовците; Рамот во Галад, за Гадовците и Голан во Васан, за Манасиевците.

44. Ова е Законот што Мојсеј го постави пред Израелевите синови;

45. ова се напатствијата, законите и уредбите што Мојсеј им ги даде на Израелците кога излегоа од Египет,

Втзакон. (5 Moj.) 4