Втзакон. (5 Moj.) 4:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „А сега, Израеле, послушај ги законите и уредбите на кои ве учам, за да ги вршите и така да поживеете па да ја заземете земјата, што ви ја дава Господ.

2. Ниту додавајте нешто на тоа што ви заповедам ниту одземајте нешто од тоа; вршете ги заповедите на Господа, на својот Бог, што ви ги давам.

3. Видовте со своите очи што направи Господ со Велфегор: зашто Господ, твојот Бог, го откорна од твојата средина секој, кој го следеше Велфегор.

Втзакон. (5 Moj.) 4