4. Потоа Господ му рече: „Ова е земјата за која им се заколнав на Авраам, Исак и Јаков дека ќе му ја дадам на твоето потомство. Дозволив да ја видиш со своите очи, но ти нема да поминеш онаму.”
5. И Мојсеј, Господовиот слуга, почина таму во Моавската Земја по Господовата заповед.
6. И Тој го погреба во долината во земјата спроти Вет-Фегор. До денешен ден никој не научи за неговиот гроб.
7. Мојсеј беше на сто и дваесет години кога умре. Окото не му ослабе ниту му попушти силата.
8. Израелците го оплачуваа Мојсеја во Моавските Полиња триесет денови. Потоа поминаа и деновите на плачењето - на тажењето за Мојсеја.