Втзакон. (5 Moj.) 33:26-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. „Никој не е како Есуруновиот Бог: Кој се пронесува на помош по небесата и по облаците во Своето величество!

27. Вечниот Бог е твое засолниште, и под тебе се вечните мишки, ги гони непријателите пред тебе; Тој извикнува: ‘уништи!’

28. Израел живее во безопасност, а Јаковиот извор во земјата на житото и виното, каде небесата дождат со роса.

29. Блазе ти, Израелу! Кој народ Господ го заштитува како тебе? Тој е твој штит и твој славодобивачки меч, непријателите ќе ти се покорат, и ти ќе им газиш по високите места.”

Втзакон. (5 Moj.) 33