Втзакон. (5 Moj.) 33:12-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. За Венијамин рече: „Тој е Господов љубимец и секогаш почива во мир. Сèвишниот го штити во сите негови денови, живее меѓу Неговите рамена.”

13. За Јосифа рече: „Господ му ја благослови земјата; неговото е најдобро од она што го дава небеската роса и што се крие долу во бездните!

14. Најдоброто од она што го дава сонцето и што носи младата месечина,

15. првините од древните планини и најдоброто од вечните брегови,

16. најдобриот род на земјата и сè што е на неа, и милоста на Оној, Кој се јави во капината. Сè тоа нека дојде на Јосифовата глава, на темето посветено меѓу сите браќа!

Втзакон. (5 Moj.) 33