Втзакон. (5 Moj.) 33:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ова е благослов со кој Мојсеј - Божјиот човек - ги благослови Израелевите синови пред својата смрт.

2. Тој рече: „Господ дојде од Синај, се покажа на Сир и заблеска од гората Фаран. Заради нив дојде со десетици илјади свети, десно од Него е огнот на Законот.

3. Сепак Ти ги љубиш народите, сите нивни свети се во Твојата рака. Припаднаа пред Твоите нозе, одеа предводени од Тебе.

4. Мојсеј ни го одреди Законот. Јакововиот собор му стана Негово наследство;

5. и беше цар во Есурун кога се собраа народните главатари, кога се соединија Јакововите племиња.

6. Нека живее Рувим и никогаш нека не изумре, нека не биде малуброен!”

7. Еве што рече за Јуда: „Послушај го, Господи, Јудиниот глас и приведи го кон неговиот народ. Неговите раце нека го бранат правото, помогни му против неговите непријатели.”

8. За Левиј рече: „Дај му ги на Левиј Твоите Урими и Твоите Тумими на човекот на милоста Своја, кого го испита во Маса, со кого се препираше при Меривските Води.

Втзакон. (5 Moj.) 33