Втзакон. (5 Moj.) 33:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ова е благослов со кој Мојсеј - Божјиот човек - ги благослови Израелевите синови пред својата смрт.

2. Тој рече: „Господ дојде од Синај, се покажа на Сир и заблеска од гората Фаран. Заради нив дојде со десетици илјади свети, десно од Него е огнот на Законот.

3. Сепак Ти ги љубиш народите, сите нивни свети се во Твојата рака. Припаднаа пред Твоите нозе, одеа предводени од Тебе.

4. Мојсеј ни го одреди Законот. Јакововиот собор му стана Негово наследство;

5. и беше цар во Есурун кога се собраа народните главатари, кога се соединија Јакововите племиња.

6. Нека живее Рувим и никогаш нека не изумре, нека не биде малуброен!”

Втзакон. (5 Moj.) 33