Втзакон. (5 Moj.) 32:7-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Спомни си за древните денови, разгледај ги годините од век до век. Прашај го татка си, и ќе те поучи, распрашај ги постарите, па ќе ти кажат.

8. Кога Сèвишниот им го делеше наследството на народите, кога ги разместуваше човечките синови, им ги одреди меѓите според бројот на Божјите синови:

9. тогаш на Господа Му падна Неговиот народ, Јаков Му беше Негово наследство.

10. Тој го најде во степска земја, во морничава пустинска пустина. Го опкружи, го воспитуваше, и го чуваше како зеницата на Своето око.

Втзакон. (5 Moj.) 32