Втзакон. (5 Moj.) 31:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Мојсеј дојде да му ги упати овие зборови на целиот Израел:

2. „Мене ми се денес сто и дваесет години - им рече - не можам веќе да влегувам и да излегувам. А Господ ми рече: ‘Не ќе поминеш преку овој Јордан!’

3. Самиот Господ, твојот Бог, ќе премине пред тебе; Тој ќе ги порази пред тебе оние народи, за да ги истерате од земјата. Исус ќе врви пред тебе, како што рече Господ.

4. Господ ќе постапи со нив како што постапи со Сион и Ог, аморејски цареви, и со нивната земја кога ги уништи.

Втзакон. (5 Moj.) 31