Втзакон. (5 Moj.) 30:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Кога сите овие зборови, благословот и проклетството што денес ги ставам пред тебе, те снајдат, а ти ги земеш при срце среде сите народи меѓу кои Господ, твојот Бог, ќе те протера,

2. и се обрнеш кон Господа, својот Бог, и го послушаш - и ти и твоите синови - Неговиот глас од сето свое срце и од сета своја душа во сè што денес ти наредив,

3. тогаш Господ, твојот Бог, ќе ги врати твоите заробеници; ќе се смилува на тебе и пак ќе те собере од сите народи меѓу кои те протерал Господ, твојот Бог.

4. И до крајот на небесата ако бидеш отфрлен, Господ твојот Бог ќе те собере оттаму, и ќе те земе оттаму.

5. Господ, твојот Бог, ќе те доведе во земјата, која ја имаа во сопственост твоите татковци, за да ја завладееш ти; ќе те направам посреќен и поброен од твоите татковци.

6. Господ, твојот Бог, ќе го обреже твоето срце, срцето на твоето потомство, така што ќе го љубиш Господа, својот Бог, од сето свое срце и од сета своја душа, па да живееш.

7. Господ, твојот Бог, ќе ги наведе сите овие проклетства на твоите непријатели, на твоите мразители, кои те гонеа.

8. А ти наново ќе го слушаш Господовиот глас и ќе ги вршиш сите Негови заповеди, што денес ти ги давам.

Втзакон. (5 Moj.) 30