Втзакон. (5 Moj.) 28:52-58 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

52. Ќе те опсадува во сите твои градови ширум низ земјата додека не ги разурне високите и утврдените ѕидови на кои што си се надевал; ќе те опсадат во сите твои градови ширум низ земјата, што ти ја даде Господ, твојот Бог.

53. Во притеснувањето и во јадот, со кои ќе те притисне твојот непријател, ќе го јадеш плодот на твојата утроба - месото на своите синови и своите ќерки, што ќе ти ги даде Господ, твојот Бог.

54. Човекот, најнежниот и најмекиот сред тебе, ќе гледа со злобно око на својот брат, на жената во својата прегратка и на своите деца што му останаа,

55. не сакајќи ниту со еден од нив да го дели месото на своите синови, што ќе го јаде, зашто заради притеснувањето и јадот, со кои твојот непријател, ќе те притиска по сите твои градови, друго не ќе му останува.

56. И жената, најнежна и најмека што ќе биде сред тебе - толку нежна и воздржана што не се осмелува да ги спушти стапалата на земја - ќе гледа со злобно око на мажот во својата прегратка, и на својот син, и на својата ќерка,

57. и на својата постелка што ќе и излезе меѓу нозете, и на децата што ќе треба да ги роди, зашто ќе ги изеде скришно, скудна во сè, заради неволјата и јадот со кои ќе те притисне твојот непријател по сите твои градови.

58. Ако не ги пазиш и не ги вршиш зборовите на овој Закон, што се напишани во оваа книга, не почитувајќи го ова славно и страшно Име - Господа, својот Бог -

Втзакон. (5 Moj.) 28