Втзакон. (5 Moj.) 28:26-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. И твоето мртво тело ќе им стане храна на сите небесни птици и на сите земни ѕверови. Не ќе има никој за да ги плаши.

27. Господ ќе те удри со египетски приштови, со чиреви, со красти и со јадеж, од кои не ќе можеш да се исцелиш.

28. Господ ќе те удри со беснило, со слепота и со лудило;

29. на сред бел ден ќе талкаш како што талка слепиот во мрак; не ќе имаш успеси во своите потфати; во сето време ќе бидеш притискан и ограбуван, а не ќе има никој за да те спаси.

Втзакон. (5 Moj.) 28